Перо Антиќ уапсен заради напад врз полицаец

Во управата на Атланта Хокс се свесни за инцидентот во кој беа приведени нивните играчи Перо Антиќ и Thabo Sefolosha.

“Ние сме свесни за ситуацијата, во која беа вклучени Перо Антиќ и Thabo Sefolosha ова утро”, рече потпретседателот за односи со јавноста Garin Narain. “Ние сме во процес на собирање на повеќе информации и ќе имаме дополнителни коментари во соодветно време.”

Според весникот New York Daily News, Антиќ (32) и Sefolosha (30), биле уапсени по инцидентот во кој беа прободени со нож играчот на Индијана Пејсерс Chris Copeland и неговата сопруга, но нејасни се околностите под кои тие беа вклучени во инцидентот.

antic_selfolosa

Според New York Times, полицискиот портпарол рекол дека Sefolosha бил обвинет откако тој одбил да се оддалечи од местото, а потоа “нападнал полицаец.”

Антиќ бил обвинет дека “зграпчил друг полицаец” додека Sefolosha бил приведуван.

Најчитани вести