Пешак го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на булеварот „Железничка“ во Охрид. На пешакот, соопштуваат од охридската полиција, наишло патничко моторно возило марка „Пежо“.Со тешки телесни повреди пешакот е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ каде им подлегнал на повредите.
Првичните информации од спроведениот полициски увид укажуваат дека пешакот преминувал преку булеварот на неодбележано место.


