Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија ги почнува финалните подготовки за квалификациите што од 4 до 6 април ќе се одржат во Скопје каде ќе бараат шанса да се пласираат на ЕП во Австрија летово.
Во истата квалификациска група покрај Македонија се уште и Исланд, Грција и Италија а само првите две репрезентации ќе играа на завршниот турнир во јули.
Репрезентацијата замина за Дојран каде ќе се подготвува една недела пред да се врати во Скопје. Список на повикани ракометари: Маркудов Андреј, Ивановски Филип, Палевски Давор, Маџовски Бојан, Маџовски Борјан, Манасков Мартин, Талевски Филип, Крстевски Горан, Давитковски Кристијан, Велковски Мартин, Кизиќ Никола, Арсеновски Филип, Костовски Кристијан, Ончев Тоше, Анастасовски Кристијан, Трајковски Огнен, Талески Јован, Дрогишки Стефан, Рајатовски Пеце и Поповски Мартин]]>


