Четворица жители од гостиварското село Неготино и едно од Тетово биле ранети од огнено оружје, во пукотница која се случила утрово, во кафеана покрај автопатот Гостивар-Тетово.
Според првичните информации, во кафеаната „Ловец“ во селото Жеровјане, утрово околу 5 часот од се уште неутврдени причини и околности било користено огнено оружје. Засега се знае дека, непосредно по пукотницата, неколкумина биле пренесени на скопските клиники, а еден од ранетите бил згрижен во гостиварската болница.
Во моментов, јавен обвинител од Тетово, врши увид на местото на настанот и работи на расветлување на околностите под кои се случил настанот.
ИЗВОР: Академик.мк


