Петочен ручек: Гравче со спанаќ

Состојки

-1/2 кгр. грав
-600 гр. спанаќ
-1 главица кромид или 3 страка млади кромидчиња
-по ваш избор зачин – свежа или сува мирудија, вегета, бибер, сол, брашно.

Подготовка
Гравот се мие и се става во тенџере да се вари, му се додава една главица ситно исечкан кромид, ловоровиот лист, зрната црн бибер. Потоа се мие спанаќот, се бланшира, се цеди. Во сад се става зејтин на кој се пропржува кромидот, се додава исцедениот бланширан спанаќ, продолжете со пржењето. Пржете околу 5-6 мин. додадете црвен пипер, измешајте, тргнете од огнот.
Вака спреманиот спанаќ додадете го 10 мин. пред крај на варењето на гравот, оставете заедно да се варат, зачинете и кога веќе гравот е сварен, тргнете го од ринглата.
Вака спреманиот, може да е чорбест, а ако сакате во тавче во спанаќот додадете и една лажица брашно. 

Најчитани вести