Петр Чех фудбалер на годината во Чешка

Голманот на Челзи и чешката репрезентација Петр Чех, по седми пат во неговата кариера е прогласен за најдобар фудбалер на годината во Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Во изборот каде гласаат членови на фудбалската акдемија која ја сочинуваат капитени и тренери на прволигашки тимови, репрезентативци и спортски новинари, Чех победи пред капитенот на националниот тим и играчот на Арсенал, Томаш Росицки.

– Вреднувањето на работата никогаш не ви е доста. Тоа не е исто како кога ќе намачкате леб за појадок. Секоја година правите се за сезоната да ви биде најдобра. Доколку некој тоа го цени, тогаш тоа е среќа и задоволство, изјави Чех на свечената церемонија на доделувањето на наградата.

]]>

Најчитани вести