Петтата победа во низа за Атланта изборена по продолжение

Кошаркарите на Атланта ја продолжија серијата победи (пет во низа) откако ноќеска по дополнителни пет минути го победија Торното на домашен терен со 118:113 (17:26, 32:23, 31:29, 26:28, 12:7).

Ова за тимот на македонскиот репрезентативен капитен Перо Антиќ беше вкупно 31.победа во сезонава. Антиќ натпреварот го заврши 8 поени, а имаше и 4 скокови за 29 минути. Неговиот соиграч Пол Милсап го забележа првиот „трипл-дабл“ во кариерата – 19 поени, 13 скокови и 10 асистенции, а рекордни во кариерата 34 постигна Џеф Тиг.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Мајами 100:96, Портланд – Милвоки 120:115 (продолжение), Сакраменто – Вашингтон 117:111 (продолжение) и Голден Стејт – Орландо 103:89.

Вечерва се играат 10 натпревари: Филаделфија – Чикаго, Бостон – Мајами, Бруклин – Шарлот, Мемфис – Јута, Њу Орлеанс – Торонто, Њујорк – Индијана, Далас – Минесота, Денвер – Детроит, Феникс – Орландо и ЛА Лејкерс – Сан Антонио.

Пласман Источна конференција: Индијана 50-17 (победи-порази), Мајами 46-19, Торонто 37-29, Чикаго 37-30, Бруклин 34-31, Вашингтон 35-32, Шарлот 33-35, Атланта 31-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 50-16, Оклахома Сити 49-18, ЛА Клиперс 48-21, Хјустон 45-22, Портланд 44-24, Голден Стејт 43-26, Далас 41-27, Мемфис 39-27,.

]]>

Најчитани вести