Пијан мотоциклист запрен во Кичево, измерени 3,15 промили

Полицијата денеска во Кичево измерила 3,15 промили алкохол кај 34-годишен возач на мотоцикл.

– Денеска во 14:10 часот во Кичево од страна на полициски службеници од ОВР Кичево сопрен е мотоцикл „хамачи“, управуван од А. А. (34) од Кичево и при извршено алкотестирање измерени се 3,15 промили алкохол. Исто така, утврдено е дека не поседува возачка дозвола и мотоциклот е нерегистриран, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е исклучено од сообраќај и изречени му се соодветни санкции. 

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести