Пике во „аут“ четири недели, Коста на неодредно

Првото полувреме од четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Атлетико Мадрид го одбележаа повредите на играчите од двата тима.

Играчот од одбраната на Барселона Џерард Пике ќе паузира четири недели и се очекува да пропушти околу 7-8 натпревари во сите натпреварувања.

Ова ќе биде сериозен проблем за Каталонците, бидејќи на листата на повредени е и уште еден од клучните играчи од одбраната, капитенот Карлес Пујол. Пике беше заменет во 12.минута со Бартра.

И во редовите на Атлетико Мадрид поради повреда предвреме натпреварот го заврши Диего Коста. Тој во 30.та минута беше заменет со Диего (стрелец на голот за Атлетико) откако се пожали на повреда на бутниот мускул.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека во текот на денешниот ден ќе се знае за тежината на повредата и должината на отсуството на Коста од теренот.

]]>

Најчитани вести