Пиперките најмногу поскапеле, најголемо поевтинување кај лимоните и бананите

Зелените и црвените пиперки најмногу поскапеле, а лимоните и бананите најмногу поевтиниле на зелените пазари во ноември 2013 година во споредба со истиот месец лани.

Според Државниот завод за статистика, на пазарите на големо најголемо зголемување на најчестите цени е забележано кај кромидот и лукот, а најголемо намалување кај морковот и бананите.

Најчитани вести