До редакцијата на Бриф пристигна писмо од читател од село Чифлик кој не информира за состојбата со поплавите кои се случени во источниот регион односно за толку споменуваната општина Чешиново-Облешево каде според него нема штети од поплавата но се злоупотребуваат донациите.
– Еве да ви ја кажам правата слика во мојата општина односно мојот роден крај, селоЧифлик. Точно е дека имаше излевање на реката Брегалница и дека водата беше надојдена, но вакавата состојба ни се случува еве веќе 3 години наназад и како секоја година и оваа сами се справувавме со ситуацијата односно се прекопуваше еден локален пат и ситуацијата си беше под контрола.
Во мојата општина ВМРО е на власт веќе 15 години, ние сеуште немаме канализација и водовод а ниту пак некогаш се ископани одводните канали за кои што е надлежна општината.
Во моето село точно е дека имаше една критична куќа но водата небеше од реката туку од дождовите кои беа обилни и поради неископнаи и непрочистени канали.
Исто така би сакал да напоменам за ситуацијата со донацииве и да упатам еден апел ВО НАШАТА ОПШТИНА НИТУ ЕДНА ФАМИЛИЈА, КУЌА ИЛИ БИЛО ШТО ИМА ПРЕТРПЕНО БИЛО КАКВА ШТЕТА, ВОДАТА КОЈА СЕ ПРИКАЖУВА НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ Е ВОДА РАЗЛЕНА ВО ПОЛЕТО КОЕ НАМА НАПРАВЕНО НИКАКВА ШТЕТА ОДНОСНО ШТЕТИТЕ СЕ НУЛА.
И за крај зошто го пишувам ова,затоа што се делат некави донации а со тие донации се врши кампања на владејачката партија. Се собираат пари се лаже народот и со тие пари градоначалникот и челниците на ВМРО ДПМНЕ си прават кампања односно си купуваат гласачко тело. Глупаво е да зимаш пари од доброволни донации и да си ги вршеш работите кои што се обврска на општината. А она што е надвор од здравиот разум министерот Јнакиевски кога беше во посета апелираше да се донират минимални средства а од друга страна државата или општината да нема да ти даде кога таа држава потроши милијарда евра на споменици и други глупости.


