По 20 години имавме успешен попис, граѓаните кои не биле попишани ќе бидат дел од него

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски вечерва соопшти дека Пописот на населението е успешно завршен.

-Нека ни е честит успешно завршениот попис после 20 години, рече Симовски на прес конференцијата.

Тој упати честитки до вработените во ДЗС и сите други учесници, но пред се до граѓаните кои дадоа придонес за иднината.

-Со пописот вкупно се попишани 1.832.696 лица, 568.175 домаќнства и 837.255 станови, рече Симовски или изразено во бројќи од опфатените објекти за живеење предмет на попис биле 91 % , а 9 % не биле предмет на попис. Сите објекти кои биле предмет на попис, биле посетени по неколку пати.

-Со комбинираниот пописен метод се овозможи ефикасно следење на попишувањето. Од опфатените објекти за живеење, 91 процент биле предмет на пописот. Останатите девет отсто не се, рече Симовски.

-Пописот е целосно успешно спроведен. Земјава покажа дека има капацитет да спроведе ваква тешка статистичка операција. Сите домови беа посетени, сите граѓани беа дел од пописот, а оние кои не беа опфатени, а се дел од базите на податоци, ќе бидат дел од пописот, истакна Симовски.

-Со помош на технички алатки се овозможи ефикасно следење на попишувањето и опфатот на единиците на пописот на терен. Изразено во бројки тоа значи дека од опфатените објекти за живеење 91 процент беа предмет на попис, а девет проценти се објекти кои не се предмет на попис. Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени по неколку пати. Онаму каде што по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани да се попишат во седиштата на општините. Оние кои тоа не успеаја да го направат сепак ќе бидат дел од пописот бидејќи се очекува да ги има во некоја од базите кои ќе се користат при обработката на податоци, така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата, рече Симовски и најави дека во наредниот период ќе продолжат следните фази од пописот.

Во дијаспората, истакна Симовски, се самопопишале 204.805 македонски државјани, најмногу од западноевропските земји, а многу помалку од прекуокеанските земји

-Со оглед на тоа дека 20 години немавме попис и не знаевме со што ќе соочиме, овие податоци може да се сметаат за овие активности се спореведени во рамките на очекуваното, рече Симовски.

Резултатите од пописот се очекува да бидат објавени во рок од шест месеци од денот на завршувањето на пописот, односно до крајот на март следната година.

Симовски објасни дека прво, комисиите на пописните реони треба да ги финализираат завршните активности – прибирање на лап-топите, останатите пописни материјали и нивно враќање во Заводот, а потоа ќе почне процесот на обработка на податоците според утврдена програма и Акцискиот план.

На прес-конференцијата се обрати и заменикот-директорот на ДЗС, Илми Селами.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести