Отфрлен е амандманот на СДСМ на Буџетот 2017-та за обештетување на земјоделците од Преспа кои претрпеа штети од доцниот мраз и сега се чудат како ќе преживеат од нискиот род и ниската цена на и така малиот род.Зошто?
Еве јас не сум земјоделец,ама сум на страна на земјоделците…..Вредни се,работаат и живеат од тоа….По чему бе поважно е тениското игралиште изградено на улица во која 80 % се пензионери (од кои половината неподвижни)?По чему е побитен нефункционалниот стадион кај гробиштата кој е со грешни димензии и никој не го користи? По чему бре,2013-та се потрошија пари на полукружен кај џамијата (кога три години подоцна е парампарче? По чему бре се трошат пари на огномети за означување на стартот на јаболкоберот,кога нема пари за обештетување?
Сите овие залудно потрошени пари ги заслужуваат ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!
Јаболкото и парите од јаболката се нивниот живот!
Фејсбук статус на Дивна Јовковска- Ефтимовска


