Поп дивата Мадона неодамна беше итно хоспитализирана, по што заврши на интензивна нега. Taa веќе е пуштена на домашно лекување и за првпат се огласи на социјалните мрежи и откри како е.
Кралицата на попот во понеделникот изјави дека „закрепнува“ откако беше пуштена од болница пред една и пол недела.
„Ви благодариме за вашата позитивна енергија, вашите молитви и зборови за оздравување и охрабрување. Ја чувствував Вашата љубов. Јас сум веќе оздравувам и многу сум благодарна за сите благослови во мојот живот. Кога се разбудив во болница првите мисли ми беа за моите деца. Потоа си помислив дека не смеам да разочарам ниту еден кој купил билет за мојата турнеја. Исто така, не сакав да ги разочарам луѓето кои неуморно работеа со мене во последните месеци. Мразам да разочарувам“, напиша таа на Инстаграм и додаде:
„Фокусот ми е на моето здравје и оздравувањето, а ве уверувам, ќе се вратам што е можно поскоро. Сегашниот план е да се одложи турнејата во Северна Америка и да започнам во октомври во Европа. Ви благодарам за вашата грижа и поддршката. Вашата Мадона“, напиша пејачката.
Откако беше хоспитализирана и пронајдена во несвест, поп иконата Мадона за првпат беше видена во јавност на 9 јули.
За потсетување, поп дивата Мадона неодамна беше итно хоспитализирана, по што заврши на интензивна нега. Мадона била во критична состојба, откако беше пронајдена во несвест во нејзиниот дом во Њујорк во саботата на 24 јуни. Пејачката во текот на ноќта била интубирана, а нејзината постара ќерка Лурдес (26) цело време била во болница, со нејзината мајка. Колку нејзините соработници биле загрижени за неа покажува и фактот што бил одржан и итен состанок за во случај на најлошото.
„Факт е дека никој не знаеше како ќе заврши. Мадона беше многу болна и во такви ситуации секогаш постои страв од најлошото – изјавил тогаш изворот за „Дејли мејл“ и додал:
„Самиот факт дека некој е на интензива нега изгледа страшно. Нејзиниот тим мора да биде фер кон нејзините фанови, особено затоа што се приближуваше нејзината турнеја. Одлучија се да одложи веднаш и плановите веднаш се реализираа“, дополнил изворот.


