Победа број 50 за Сан Антонио

 Кошаркарите на Сан Антонио се првата екипа кои сезонава во НБА лигата ја постигнаа 50.та победа. Тие ноќеска славеа над Јута на домашен терен.

Досега во плеј офот пласман имаат обезбедено два тима Индијана и Мајами, додека четири екипи немаат шанси за завршницата (Милвоки, Сакраменто, ЛА Лејекрс и Јута).

Резултати на ноќешните резултати: Сан Антонио – Јута 122:104, Оклахома Сити – Далас 86:109, Милвоки – Шарлот 92:101, Торонто Феникс 113:121, Мајами – Хјустон 113:104, Њу Орлеанс – Бостон 121:120 (продолжение), Минесота – Сакраменто 104:102, Портланд – Голден Стејт 112:113 и ЛА КЛиперс – Кливленд 102:80.

Вечерва играат: Шарлот – Атланта, Индијана – Филаделфија, Бруклин – Феникс, Чикаго – Оклахома Сити, Хјустон – Јута, Далас – Бостон и Денвер – ЛА Клиперс.

Пласман Источна конференција: Индијана 49-17 (победи-порази), Мајами 45-19, Торонто 37-28, Чикаго 37-29, Вашингтон 35-31, Бруклин 33-31, Шарлот 33-34, Атланта 29-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 50-16, Оклахома Сити 48-18, ЛА Клиперс 48-20, Хјустон 44-22, Портланд 43-24, Голден Стејт 42-26, Далас 40-27, Мемфис 39-27.

]]>

Најчитани вести