Победа на Интер преку Паласио во миланското дерби

Фудбалерите на Интер остварија минимална победа од 1:0 против градскиот ривал Милан во дербито на 17.коло од Серија А одиграно синоќа на „Џузепе Меаца“.

Стрелец на единствениот гол беше Родриго Паласио во 86. минута од натпреварот.

Екипата на Милан со овој пораз нема победа на последните пет натпревари против Интер.

Во 17.коло од Серија А беа постигнати следниве резултати: Рома – Катанија 4:0, Болоња – Киево 1:0, Аталанта – Јувентус 1:4, Сампдорија – Парма 1:1, Сасуоло – Фиорентина 0:1, Торино – Киево 4:1, Верона – Лацио 4:1, Каљари – Наполи 1:1 и Ливорно – Удинезе 1:2.

Табела: Јувентус 46 бодови, Рома 41, Наполи 36, Фиорентина 33, Интер 31, Верона 29,.

Најчитани вести