Победа за Атланта на домашен терен

По серијата порази кошаркарите на Атланта остварија две победи по низа. Ноќеска на домашен терен го совладаа Милвоки со 102:97 (23:30; 24:23; 21:14 и 34:30). Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ за 25 минути имаше 8 поени и 7 скокови. Најефикасни со по 22 поена беа Џеф Тиг кај Атланта и Ерсан Иљасова кај Милвоки.

И на другите два натпревара одиграни ноќеска во НБА лигата победија домашните екипи: Оклахома Сити – ЛА Лејкерс 131:102 и Чикаго – Хјустон 111:87.

Вечерва има богата програма од 10 натпревари: Шарлот – Минесота, Орландо – Вашингтон, Филаделфија – Индијана, Торонто – Мемфис, Бостон – Феникс, Мајами – Денвер, Њу Орлеанс – Портланд, Сан Антонио – ЛА Лејкерс, Јута – ЛА Клиперс и Голден Стејт – Кливленд.

Пласман Источна конференција:  Индијана 47-17 (победи-порази), Мајами 44-18, Торонто 36-27, Чикаго 36-29, Бруклин 33-30, Вашингтон 33-31, Шарлот 31-34, Атланта 28-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 48-16, Оклахома Сити 48-17, ЛА Клиперс 46-20, Хјустон 44-21, Портланд 42-23, Голден Стејт 41-25, Мемфис 38-26, Далас 39-27,.

]]>

Најчитани вести