Победа за Кил против Мотор

Ракометарите на Кил со победа ги почнаа осминафиналните дуели од ракометната Лига на шампиони. Тие синоќа во Ѓер, Унгарија го победија украинскиот состав на Мотор Запорожје. Тимот на Мотор поради лошата безбедносна состојба во Украина овој натпревар мораше да го игра на неутрален терен.

Германскиот тим Кил ја потврди улогата фаворит и славеше со 31:28, а најефикасни со по 7 голови беа Филип Јиха и Марко Вујин.

Во осминафиналето ќе се одиграат и два натпревара во Скопје. Во сабота ќе гостува европскиот првак Хамбург против Вардар, додека во недела Металург е домаќин на Колдинг.

Распоред на другите осминафинални натпревари:

Вардар – Хамбург, Горење – ПСЖ, Киелце – Рајн Некар Ловен (сабота), Металург – Колдинг, Алборг – Барселона, Висла – Веспрем и Цеље – Флензбург (недела).

]]>

Најчитани вести