Победа за Металург во СЕХА лигата над Војводина

По двата пораза во СЕХА лигата ракометарите на Металург вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ постигна победа над Војводина со 29:27. Ова беше натпревар од последното 18.коло.

Во текот на целиот натпревар се водеше изедначена борба, а како потврда на тоа е што резултатот беше дури 17 пати нерешен. За Металург ова беше осма победа и остана на 5.место на табелата, но со ист број на бодови со Вардар, кој има натпревар помалку.

Највисокото водство Металург го имаше во 55.минута кога беше 27:24 по серијата голови на Гоце Ојлески, Филип Миркуловски и Дејан Манасков. Оваа серија се покажа како решавачка предност.

Најефикасни кај Металург беа Филип Миркуловски и Дејан Манасков со о 6 голови, а Дарко Станиќ имаше 12 одбрани. Во редовите на Војводина Миљан Пушица постигна 6 голови.

Металург и покрај победата има мали шанси за пласман на завршниот турнир (играат четирте најдобри) и потребни му се победи на последните два натпревара или резултати кои „ќе му одговараат“ од другите дуели.

Табела: Загреб КО 37 бодови (16 натпревари), Татран Прешов 36 (15), Мешков Брест 30 (15), Вардар 28 (15), Металург 28 (16), Војводина 21 (16), Нексе 17 (15), Борац 12 (15), Ловќен 11 (16), Партизан 6 (15).

]]>

Најчитани вести