Победи за домашните екипи на синоќешните дуели во АБА лигата

На последните два натпревара од 22.коло од АБА лигата одиграни синоќа победи постигнаа домашните екипи Задар и Партизан.

Триумфот на Задар над Цибона во пресметката на „лутите“ ривали од хрватската кошарка претставува изненадување бидејќи Задар се наоѓа на претпоследното место на табелата, а Цибона со овој пораз „испадна“ од ТОП 4. Задар ја совлада Цибона со 59:53 и за овој тим беше само шеста победа.

На дуелот во Белград, Партизан славеше над Раднички Крагуевац со 82:70.

На другите натпревари одиграни во текот на викендот беа постигнати следниве резултати: Игокеа – МЗТ Скопје Аеродром 65:79, Мега Визура – Црвена Звезда 86:98, Будуќност – Шолнок 86:77, Крка – Широки 94:67 и Цедевита – Олимпија 75:60.

Табела: Црвена Звезда 18-4 (победи-порази), Цедевита 17-5, Партизан 15-7, Будуќност 14-8, Цибона 14-8, Игокеа 12-10, МЗТ Скопје Аеродром 11-11, Крка 10-12, Мега Визура 9-13, Олимија 8-14, Раднички 8-14, Шолнок 7-15, Задар 6-16, Широки 5-17.

]]>

Најчитани вести