Победи за Оклахома Сити и за Чикаго

Во НБА лигата ноќеска се одиграа два натпревара на кои победи постигнаа Оклахома Сити и Чикаго. Тимот со најдобар скор во лигата Оклахома Сити победи на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 107:103. Повторно предводник до триумфот беше Кевин Дјурант, кој постигна 43 поени, а имаше и 12 скока и 7 асистенции.

Чикаго пред своите навивачи го совлада Бруклин со 92:76. Вечерва стартува „Ол старс“ викендот во Њу Орлеанс со натпреварот „Рисинг старс челинџ“, на кој требаше да настапи и нашиот Перо Антиќ, но повредата го спречи да биде активен играч на овој настан.

Пласман Источна конференција: Индијана 40-12 (победи-порази), Мајами 37-14, Торонто 28-24, Чикаго 27-25, Атланта 25-26, Вашингтон 25-27, Бруклин 24-27, Шарлот 23-30,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-12, Сан Антонио 38-15, Хјустон 36-17, ЛА Клиперс 37-18, Портланд 36-17, Далас 32-22, Феникс 30-21, Голден Стејт 31-22,.

]]>

Најчитани вести