Екипите на Рома и на Наполи ја продолжуваат борбата за второто место во Серија А откако лидерот Јувентус има солдина бодовна предност. На последните два натпревара од 28.коло, Наполи и Рома остварија победи.
Наполи со голот на Гонзало Игуаин во 90.минута славеше на гостувањето на Торино со 1:0, а македонскиот интернационалец Горан Пандев не доби шанса од тренерот Рафа Бенитез и остана на клупата за резерви.
На вториот дуел одигран синоќа Рома со 3:2 го совлада Удинезе.
Табела: Јувентус 75 бодови, Рома 61, Наполи 58, Фиорентина 48,Интер 47, Парма 46,.
]]>


