Почеток на осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите

Во фудбалската Лига на шампиони денеска и утре ќе се одигра првата половина од натпреварите во осминафиналната фаза.

Шпанскиот шампион Барселона во еден од двата вечерашни дуела гостува во Англија кај Манчестер Сити.

Двојката за другиот натпревар е Баер Леверкузен – Пари Сен Жермен.

Утревечер ќе играат: Арсенал – Баерн Минхен и Милан – Атлетико Мадрид.

Почетокот на сите натпревари е во 20 часот и 45 минути.

Преостанатите четири натпревари од 1/8финалето се закажани за 25 и 26 февруари.

]]>

Најчитани вести