– Во крајно тешка состојба се и две жени, на возраст од околу 30 и 50 години. Во критична состојба, пак, е еден повозрасен маж, изјави Хасани.
Ова е четврт смртен случај. Во експлозијата загинаа три деца на возраст од осум, девет и 11 години. Уште седум лица беа повредени и се здобија со висок степен на изгореници.
Попладнево министерот за здравство Венко Филипче беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ. Филипче информираше за состојбата на повредените и нагласи дека се преземаат сите мерки на интензивно лекување. Потенцира дека внимателно ќе се следи нивната состојба.
Во критична животна состојба се и четириесетгодишната жена и десетгодишното дете кои во моментов се на лекување во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде е примена и бремена жена на возраст од околу 20 години. Ова за МИА го изјави директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје и дежурен хирург Љубен Арсенков.
Гинеколог ја прегледал пациентката, која е бремена во седми месец, и констатирал дека плодот е добар. Според првичната проценка, кај жената имало опеченост од 20-30 отсто и била примена во единицата за интензивно лекување.
Извор: МИА
]]>


