Почина албанскиот новинар и аналитичар Жеји

Денеска на 64-годишна возраст ненадејно почина еден од најпознатите албански новинари, публицисти и аналитичари, Артур Жеји.

Тој почина на пат кон болница откако имал срцев удар во ресторан во Саранда.

Жеји беше роден на 29 август 1961 година во Тирана и имаше раководни позиции во неколку медиуми, како што се албанската државна телевизија, државната новинска агенција АТА и весникот МАПО. Од 2017 година, тој е водител на политичко-аналитичката емисија „360 степени“.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести