Нова: Почина родилка од Тетово, лекарот суспендиран од работа

Триесет и тригодишна родилка од Тетово починала од нестручно изведено породување во тетовската болница, а бебето се наоѓа во критична состојба, обвинува семејството.

За случајот се води истрага, а гинекологот кој ја вршел интервеницијата е суспендиран од работа додека не заврши истрагата, информира Нова.

Ноќта меѓу 19 и 20 август на одделението за гинекологија во болницата во Тетово се случувала вистинска драма, раскажува за НОВА, член на потесното семејство. Породувањето со царски рез на В.К започнало во 21 часот и траело до полноќ, но поради обилно крварење и компликации во 3 часот изутрината била направена уште една операција.

Поради лошата здравствена состојба во која западнала, младата жена била префрлена на скопските клиники на КАРИЛ, каде во 8 часот изутрина била повторно оперирана.

Родилката починала по неколку дена поминати на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.

Бебето утредента по породувањето било префрлено на Клиниката за детски болести и се наоѓа во критична состојба.

Хирургот кој што ја извршил последната операција во Скопје, не сакаше да го коментира случајот, најавувајќи дека ќе има судски епилог.

Семејството на починатата родилка случајот веднаш го пријавиле во полиција, а обвинителество покренало истрага.

Гинекологот кој ја породил младата жена е привремено суспендиран од работа додека не заврши истрагата.

Текстот во целост прочитајте го тука

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести