Почина велосипедистот кој настрада во сообраќајка во Скопје

Почина велосипедистот кој вчера попладне беше прегазен на крстосницата на булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Френклин Рузвелт“.

Шеесет и четири годишниот скопјанец Нинослав С. го загуби животот откако во него удрил автомобил „Ауди“ управуван од 20-годишниот Е.Т. од Скопје. Тој со Итна помош беше пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.

Откако Е.Т. удрил во велосипедистот, со автомобилот потоа удрил и во автобус.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

Извор: Мета

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести