Починаа жена и бебе при породување во гевгелиската болница

Мајка и бебе починале ноќесна при породување во гевгелиската болница, јавуваат медиумите.

Случајот го потврдил и директорот на болницата, а според зборовите на сопругот на починатата е направена лекарска грешка.

Според сопругот, како што пренесе Телма, виновник за трагедијата е персоналот бидејќи неговата сопруга немала никакви компликации во текот на бременоста.

Телото на мајката и бебето се предадени на обдукција при што ќе бидат утврдени причините за смртта на двете жртви.

Од министерството за здравство информираат дека во гевгелиската болница веќе е испратена стручна комисија составена од гениколози и анестезиолози, кои треба да го испитаат случајот и да утврдат дали породувањето било извршено согласно протоколот.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести