Четиринаесетгодишна девојка починала откако од аптека одбиле да и дадат инјекција без лекарска белешка.
Ема Слоан, тинејџерка од Даблин, имала алергиска реакција од кикиритки во кинески ресторан откако по грешка изела „Сате“ сос наместо сос од кари. И се пожалила на мајка си Керолајн дека има отежнато дишење, а потоа нејзините родители отишле до најблиската аптека да земат адреналинска инјекција која ќе и го спасела животот. Фармацевтот одбил да им даде „EpiPen“ бидејќи немале соодветна лекарска белешка. Тој ја посоветувал Керолајн да ја однесе во болница, но веднаш потоа Ема колабирала на улицата и починала.
Францес Фицџералд, министер за деца и млади на Ирска, покрена истрага за случајот на починатата.


