Под слоганот „Не гледај во небото, осигури се“ , трибина во Ресен

Идејата за оваа кампања произлезе од потребата за поголема едукација и информираност на земјоделците за важноста од осигурувањето имајќи предвид влијанието на климатските промени и несигурноста на земјоделското производство како „фабрика на отворено“. Учество во кампањата земаа осигурителните компании „Триглав“, „Евроинс“, „Кроација“, „Сава“ и „СН Осигуритeлен брокер “АД Битола. tetovo4 На трибините, покрај земјоделци, стопанственици, претставници на осигурителните компании, учество ќе земе МЗШВ, АПРЗ, АФПЗРР и Посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство во КПВРСМ, Ленче Николовска. tribina Земјоделците воглавно чекаат само на директната помош од државата за надоместување на штетите што ги претрпеле од поплавите и други временски неприлики. Постапката за исплатата на отштетата трае подолг период, а во бројки тоа изнесува околу 5 милиони евра трошок, за сите оштетени, што е прилично голем износ, кој може да се пренасочи за други потреби во земјоделството, како превентива од климатските промени. Најдобро е земјоделците да ги осигураат своите површини, односно посевите со кои тие се засеани, со што многу полесно ќе ја надоместат штетата и побрзо ќе можат да го обноват производството. tribina_negotino Поддршка во осигурувањето добиваат и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое покрива 60 отсто од вредноста на полисата, преку субвенционирање. На овој начин ќе се избегнат сите несакани фактори од време, од град, од поплави, така што земјоделците ќе имаат можност да дојдат до одредени средства преку отштетата што ќе ја исплати осигурителната компанија. albanski_baner]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести