Поднесена кривична пријава против вработен во внатрешна контрола во МВР

До ОЈО Велес поднесена е кривична пријава против лицето Г.Ј. вработен во МВР на РМ, Оддел за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди-Скопје и против Непознато одговорно лице во Оддел за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди-Скопје-непосреден раководител на првопријавениот Г.Ј, поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле две кривични дела и тоа „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 1 и „Несовесно работење во службата“ од член 353-в став 1 од казнениот Законик.

Имено првопријавениот во текот на месец Септември при вршење на својата службена должност, спроведувал дисциплинска постапка против вработен во СВР-МВР Велес и во текот на постапката издал наредба за одземање на оружјето на вработениот во МВР-СВР Велес, без притоа да бидат исполнети законските услови за издавање на таква наредба.      Со таквата наредба првопријавениот го прекршил член 31 став 2 од Законот со Полиција, а второпријавениот како надлежен и надреден на првопријавениот бил должен да внимава на законитоста на работата на првопријавениот и одговара за незаконското работење на првопријавениот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести