Погледнете како изгледала Лепа Брена во 1982 година, на првата нејзина насловна страница, а еве кое ѝ е вистинското име

Фолк пејачката Лепа Брена е една од најголемите музички ѕвезди во регионот. Таа во 1982 година зборувала за „ТВ Новости“ и во таа прилика, меѓу другото, го открила значењето на нејзиното име.

Нејзиното вистинско име е Фахрета Јахиќ, мажена Живојиновиќ.

„Фахрета е име со турско потекло и значи награда или фалба. Случајно дознав од еден Турчин и мислам дека тоа име совршено ми одговара и ја оцртува мојата вистинска личност. Многу сум горда на себе. Никого не ценам толку многу колку што се почитувам себеси. Се трудам никого да не потценувам, подготвена сум да им помогнам на сите, без разлика дали некој ми побарал нешто, но најголема почит имам кон себе“, изјавила во таа прилика Лепа Брена.

Токму тогаш, во таа година за првпат се појавила и насловна страница на „ТВ Новости“.

Најчитани вести