Покрај унгарскиот кредит, граѓаните ќе им ја плаќаат и каматата на фирмите

Банките се уште не го добиле писмено она што е договорено со Владата во однос на унгарските пари. Од банките со кои разговараше редакцијата на Рацин.мк велат дека им е потребен официјален документ за да може процесот да се продолжи во нивните служби. Без тоа, не можат да ги утврдат условите и критериумите за составување на договорите. Тие побарале од Владата да добијат овој документ што поскоро за да може да започнат со работа.

Владата се договори дека единствениот трошок за компаниите кои ќе подигнат кредит од унгарските пари ќе биде покривањето на кредитниот ризик на банките, кој изнесува 1,95%. Овие средства остануваат кај банките. Каматата од 3,25%, која претходно беше спомнувана во јавноста како товар за фирмите, повеќе не важи за нив. Каматата за кредитот што државата го зема од Унгарија, а е наменет за фирмите, ќе се враќа од буџетот.

Банкарите појаснуваат дека ова практично значи дека фирмите кои ќе користат заем од Унгарија нема да ја плаќаат каматата. Банките ќе добијат процент за покривање на кредитниот ризик, додека каматата ќе ја покрие државата, што значи дека и граѓаните ќе учествуваат во враќањето на кредитот.

Повеќе на следниот линк

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести