Возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Австралија со која започнува новата сезона во шампионатот во Формула 1.
Хамилтон утрово во квалификациите го извозе најбрзиот круг со време 1:44.231 минута. За него ова е 32.та пол позиција во Ф1 кариерата. Заедно со Британецот од првиот ред ќе тргне Даниел Рикардо како дебитант во тимот на „Ред Бул“. Од третата до десеттата позиција ќе тргнат: 3. Нико Розберг (Мерцедес), 4. Кевин Магнусен (Мекларен), 5. Фернандо Алонсо (Ферари), 6. Жан-Ерик Верњ (Торо Росо), 7. Ник Хулкенберг (Форс Индија), 8. Данил Квајт (Торо Росо), 9. Фелипе Маса (Вилијамс), 10. Валтери Борас (Вилијамс). Актуелниот светски шампион Себастијан Фетел од тимот на „Ред Бул“ ќе тргне од 13.та стартна позиција. Главната трка на патеката „Алберт Парк“ ќе се вози утре со почеток во 7 часот по средноевропско време. ]]>


