Жена од скопската општина Ѓорче Петров, синоќа околу полноќ во полицијата пријавила дека исчезнала нејзината 16-годишна ќерка, информираа од полицијата.
„На 06.05.2025 во 00:05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.П.(42) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка Д.П.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката“, соопштуваат од МВР.


