Полицијата забрани влез на 90 српски државјани во Црна Гора

Црногорската полиција денеска им забрани влез во земјата на 90 луѓе, кои со чартер-лет допатувале од Белград во Тиват, поради сомнеж за субверзивно дејствување пред Самитот на Европска Унија, што утре и в петок ќе се одржи во Тиват.

Според црногорскиот весник „Вијести“ меѓу патниците во авионот имало регистрирани „лица од интерес за безбедноста“ и сите тие ќе бидат вратени од Тиват во Белград со првиот лет. Патниците не сакале да одговорат на прашањата на полицијата за тоа зошто дошле во Црна Гора.

Весникот посочува и дека некои лица имаат криминално досие, а имале задача неформално да го обезбедуваат престојот на српскиот претседател Александар Вучиќ на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

Во соопштението на црногорската полиција се истакнува наведува дека тие спроведуваат обемни, континуирани и засилени активности по повод самитот ЕУ-Западен Балкан и оти о овој контекст се вршат зголемени контроли на граничниот премин на аеродромот Тиват.

Поради ова, чартер летот на линијата Белград-Тиват, кој во среда донесе околу 90 српски државјани во Црна Гора, бил ставен под контрола.

– Авионот беше задржан на пистата на аеродромот во Тиват со цел да се спроведат детални проверки на лицата кои пристигнале или причините за нивната посета, земајќи ги предвид зголемените безбедносни мерки пред самитот ЕУ – Западен Балкан. Јавноста ќе биде навремено информирана за преземените понатамошни активности, наведе црногорската полиција.

Претходно, црногорските медиуми претходно објавија дека повеќе од 1.500 полицајци од сите организациски единици на Управата на полицијата, вклучително и тактичките, ќе го обезбедуваат Самитот ЕУ – Западен Балкан. 

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести