Приведени се две лица, во акција на македонската полиција што се уште трае за разбивање на меѓународна криминална група која изработувала бугарски лични карти и патни исправи. Две од лицата се надвор од земјата, по еден се трага, а еден веќе издржува затворска казна. Официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денот.


