Попов се враќа, Новески размислува за повлекување од репрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски денеска го објави списокот на фудбалери за пријателскиот натпревар против Летонија. Во репрезентацијата по подолго време се враќа Горан Попов, а го нема Николче Новески кој размислува да и стави крај на репрезентативната кариера.

– Попов е еден од најдобрите наши фудбалери. Знам дека имал одредени недоразбирања претходно, но сметам дека заслужува да добие шанса. Тој треба треба да сфати дека не игра за ФФМ и за мене, туку за Македонија и верувам дека ќе ја оправдата довербата, изјави Ѓуровски.

За разлика од кам-бекот на Попов на списокот на селекторот го нема капитенот 35-годишниот Новески. Ѓуровски на денешната прес-конференција ги информира присутните дека имал разговор со искусниот репрезентативец кој побарал време да одлучи дали ќе продолжи со репрезентативните настапи, бидејќи размислува за крај на кариерата во „црвено-жолтиот“ дрес поради возраста.

Новиот селектор освен Попов повика уште неколку фудбалери кои повремено биле во репрезентацијата, а младите Давид Бабунски, Стефан Ристовски, Езгијан Алиоски и Александар Трајковски ги препушти на младата репрезентација до 21 година.

Список на повикани фудбалери за дуелот со Летонија:

Голмани: Томе Пачовски и Кристијан Наумовски.

Одбрана: Даниел Георгиевски, Александар Тодоровски, Бобан Грнчаров, Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Горан Попов и Кире Ристевски.

Среден ред: Мухамед Демири, Остоја Стјепановиќ, Стефан Спировски, Ферхан Хасани, Иван Тричковски, Агим Ибраими, Марио Ѓуровски и Муарем Муарем.

Напад: Мирко Ивановски, Јован Костовски, Дејан Блажевски, Бесарт Ибраими и Крсте Велкоски.

Натпреварот Македонија – Летонија ќе се одигра на 5 март во Скопје.

]]>

Најчитани вести