Поштата во пристаништето Порт Локрој е позната и како „пошта на пингвините“ и е популарна туристичка дестинација. Се наоѓа на островот Гудие што годишно го посетуваат околу 18.000 туристи. Оваа база на Јужниот Пол ја основале Британците во 1944 година, а денес со неа раководи фондацијата „Антарктик“ која се грижи за поштата, музејот и продавницата за сувенири. Приходите од продавницата за сувенири одат за реновирање на други историски места на Јужниот пол.
Фондацијата „Антарктик“ покрај извршувањето на административните работи се грижи и за животната средина, што значи дека дел од работата на вработените е и броењето на пингвините на островот.
Во огласот за работа се појааснуваат и условите за работа како и тоа дека островот во никој случај не е луксузно место. Освен екстремно ниските температури, сместувачките капацитети во базата не се големи, па сите вработени спијат во иста просторија. Нема вода, па и тоалетите немаат вода, а нема ни тушеви. Работниците се тушираат во бродовите што обично доаѓаат на секои „неколку“ дена, но понекогаш може да не дојдат и две недели.
Покрај тоа, комуникацијата со надворешниот свет е ограничена. Нема интернет, ниту сигнал за мобилен, а повиците преку сателитските телефони се скапи. Во случај на несреќа, транспортот до најблиската болница може да потрае и до седум дена.
„Антарктикот е предизвикувачко место за работа, и физички и психички“, се наведува на крајот на огласот за трите работни позиции: водач на база, менаџер на продавница и генерален асистент.
]]>


