Поради уличен дефект на ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј 48, утре прекинато водоснабдување ќе има дел од оваа улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително ЈЗУ Здравствен дом „Железничар“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување со санација на дефектот.


