Поради овие детали домот ви изгледа запуштено: Веднаш променете ги овие работи

Еден дизајнер на ентериер даде неколку генијални совети за внатрешен дизајн кои за миг ќе направат разлика во Вашиот дом.

Доколку сакате да оставите добар впечаток пред гостите, или пак само сакате да ги следите трендовите поврзани со декорацијата, сигурно Ве интересираат советите на експертите.

Студент на дизајн на ентериер, Кришнан Раџаратнам стана популарен на социјалните мрежи благодарение на советите што ги споделува во врска со неговата идна професија.

Во серијата видеа што ги објави на „TikTok“, идниот дизајнер на ентериер откри неколку вообичаени грешки во уредувањето кои прават домот да изгледа евтин.

Првото нешто што прави вашиот дом да не изгледа софистицирано и скапо се видливите „лед“ ленти на рабовите на таванот. Просторот ќе изгледа евтино дури и ако под телевизорот ви штрчат кабли. Но, ако вашите ѕидови се украсени со мали уметнички дела – едно или неколку големи, во зависност од големината на просторот, ќе оставите многу подобар впечаток.

Стутканата постелнина остава впечаток на неуредност, па ќе биде многу подобро доколку редовно си го местите креветот, а постелнината во спалната ја покриете со прекривка. Но, Раџаратнам советува да изберете еднобојни ќебиња, оние со дезен, според него, не оставаат толку убав впечаток.

Една од грешките што многумина ја прават се завесите кои не се доволно долги – тие треба да го допираат подот за просторот да изгледа се повеќе и повеќе луксузен.

Ако имате отворена полица во дневната соба, неговиот совет е да не дозволите да биде неуредна, сè мора да биде средено постојано ако сакате просторот да изгледа скапо.

Советите на овој иден дизајнер на ентериер предизвикаа неколку лути коментари од неговите фанови.

„Мојата куќа очигледно е евтина, но ние си ја сакаме, таа е моето среќно место и нема ништо да менувам“, „Добро, сега да видиме фотографии од твојата совршена куќа“, „Евтина? Мислиш, куќа што не е украсена за да им се угоди на другите?“, се само дел од коментарите.

Без разлика дали ќе одлучите да ги следите советите во врска со трендовите на украсување или не, најважно е да ви се допаѓа просторот во кој живеете.

]]>

Најчитани вести