Поради политичката неизвесност – зголемена побарувачка за девизи

Политичката нестабилност ја зголеми незвесноста кај граѓаните. Во менувачниците – зголемена побарувачка на девизи, во банките – зголемување на бројто на граѓани што сакаа или се интересираат дали да ги повлечат штедните влогови.
За 24 вести, банакри од неколку банки во земјава потврдуваат дека е регистрирано зголемено раздвижување.
“Во принцип има раздвижување. Имено, повеќе од вообичаено е регистриран зголемен интерес за повлекување на депозитите од страна на граѓаните, но тоа не е драматично“, коментира банакр од раководство на една од деловните банки. Сличен став и оценка и од менаџери на други банки.
“Генрално, граѓаните доаѓаат и се инфрмираат дали штедните влогови им се безбедни. Има и благо, незначително зголемување на побарувачката на девизи. Главно интерес за штедењето и безбедноста има граѓаните со пониски штедни влогови“ велат банакрите.
Какава е последната состојба со штедните влогови на граѓаните и компаниите, дали банките во април регистрале  промени во депозитната база – за овие прашања  побаравме одговор и од Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, но до емитување на прилогот не возвратија.
Пред само два дена првиот човек на Шпаркасе банка Глигор Бишев изјави дека штедните влогови се сигурни, а банкарскиот сектор е виско ликвиден. Но Бишев вели дека поради политиката криза се регистра успорување на кредитирањето.
Зголемена побарувачка на девзи, особено на евра е регистрирана на менувачкиот пазар. Дел од вработените во менувачниците, во разговор велат дека изминатиот период потврдувата дека има промени во понудата и побарувачката.
За да се избегнат последниците на долг рок од продлабочената политика криза врз економијата , а со тоа и да се стопира можноста од  санкции врз земјава од страна на Европската Унија,  веќе банкари, економисти и експерти повикаа на брза разрешница. 24 вести побара информации од дел од менувачниците за курсот на денарот, односно еврото…и од таму потврдија дека од минатат недела под притисок на зголемената побарувачка денеска едно евро се продава за 61,75 денари.
Извор: 24 Вести

Најчитани вести