Поранешен пушач победи на ултрамаратон на Антарктикот

Ирецот Кит Вајт, кој доцна се пријави на трката, постави рекорд на ултрамаратонот долг 100 километри на антарктичкиот мраз.

Секој кој некогаш се исплашил од малку снег наутро, треба да добие повеќе инспирација, после најновото остварување на Ирецот Кит Вајт, а тоа е победа на ултрамаратонот на Антарктикот.

Вајт (33), кој се откажал од пушењето во 2007 година, победи на трката минатата недела, постигнувајќи резултат од 9 часа, 26 минути и 2 секунди – речиси четири часа пред својот најблизок конкурент – иако тој се регистрираа во последен момент затоа што некој друг кандидат се повлече. Вајт е ирски рекордер, а неговата победа беше сатисфакција за трката во Катар, во ноември во многу потопли услови, кога беше „успорен“ од фрактура на карлицата.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести