Составот на Сан Антонио претрпе пораз на еден од двата натпревара одиграни ноќеска во НБА лигата. Бруклин славеше со 103:89, но според составот на „мамузите“ ова беше и очекуван резултат бидејќи тренерот Грег Поповиќ не можеше да смета на повредените Ману Џинобили, Тони Паркер, Кави Леонард, Борис Диао, додека Тим Данкан имаше одмор. Во „шарениот состав“ Кори Џозеф со 18 поени беше најефикасен. Кај домаќинот Бруклин, Алан Андерсон постигнаа 22 поена.
На вториот дуел Голден Стејт го победи Чикаго со 102:87, а Стефан Кари реализираше 34 поени за победничката екипа.
Вечерва се играат 10 натпревари, а двојките се: Индијана – Портланд, Орландо – Оклахома Сити, Филаделфија – ЛА Лејекрс, Вашингтон – Кливленд, Бостон – Сакраменто, Детроит – Бруклин, Њујорк – Денвер, Далас – Јута, Њу Орлеанс – Минесота и ЛА Клиперс – Торонто.
Пласман Источна конференција: Индијана 38-10 (победи-порази), Мајами 35-13, Торонто 26-23, Атланта 25-23, Вашингтон 24-24, Чикаго 24-25, Бруклин 22-25, Шарлот 22-28,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 40-11, Сан Антонио 36-14, Портланд 35-14, ЛА Клиперс 34-18, Хјустон 33-17, Голден Стејт 30-20, Феникс 29-20, Далас 29-21.
]]>


