Пораз за Мајами, Индијана ја зголеми предноста на врвот

Во најсилната светска кошаркарска лига – НБА ноќеска се одиграа 10 натпревари, а во еден од нив шампионот Мајами загуби на домашен терен од Денвер со 111:107. Со овој пораз Мајами уште повеќе заостанува зад Индијана на врвот на табелата во Источната конференција. Лидерот Индија на гостински терен ја порази Филаделфија со 101:94 и стигна до 48.та сезонска победа. Постигнати резултати на другите осум натпревари: Шарлот – Минесота 105:93, Орландо – Вашингтон 101:105, Торонто – Мемфис 99:86, Бостон – Феникс 80:87, Њу Орлеанс – Портланд 103:111, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 119:85, Јута – ЛА Клиперс 87:96 и Голден Стејт – Кливленд 94:103. Вечерва се играат шест натпревари: Њујорк – Милвоки, Вашингтон – Бруклин, Атланта – Денвер, Детроит – Индијана, Филаделфија – Мемфис, Чикаго – Сакраменто Пласман Источна конференција:  Индијана 48-17 (победи-порази), Мајами 44-19, Торонто 37-27, Чикаго 36-29, Бруклин 33-30, Вашингтон 34-31, Шарлот 32-34, Атланта 28-35,… Пласман Западна конференција: Сан Антонио 49-16, Оклахома Сити 48-17, ЛА Клиперс 47-20, Хјустон 44-21, Портланд 43-23, Голден Стејт 41-26, Далас 39-27, Мемфис 38-27,..

]]>

Најчитани вести