Порожанов: Новата стратегија на ЕУ е поддршка на младите фармери

-Огромни се придобивките за аграрот и земјоделците од членството во ЕУ, како поради користењето на сериозни суми на субвенции така и заради големиот пазар, сигурниот пласман и следењето на европските стандарди во производството. Минатата година за агросекторот имавме  1 милијарда и 600 милиони евра, од кои само 150 милиони евра од домашен буџет – истакна Порожанов и додаде дека е многу е важно да се усогласи земјоделското производстсво со Заедничката европска политика (CAP) и да се следат новитети односно стратегијата на ЕУ во делот на земјоделското производство. porozanov4 Она што е најново во ЕУ, според стратегиските планови на политиките за 2020 година е политиката на подмладување на секторот. Што значи дека во иднина најмногу средства ќе се одвојуваат за младите фармери. -Според тенденцијата како се одвива земјоделското производство се повеќе е евидентно намалувањето на интересот на младите да се занимаваат со одреден агробизнис. Токму затоа и според ЕУ стратегијата најмногу пари ќе се одвојуваат за различни мерки со кои ќе се стимулираат младите земјоделци. Ќе се инвестира во инфраструктура во рурални подрачја и воопшто да се овозможуваат услови за живот и профитабилно земјоделско производство како мотив да останат младите во селата и помалите населени места- изјави Порожанов. Искуството на Бугарија во искористеноста на ЕУ фондовите и руралниот развој се драгоцени за Македонија во овој период, потенцираше Николовска. -Соработката на двете министерства која ја започна министерот за земјоделство Љупчо Николовски  ќе продолжи и натаму. Умешноста и професионалноста  на администрацијата како и подготвеноста на апликантите е клучна за повлекувањето на ЕУ фондовите и во таа насока ќе продолжи нашата соработка. Денеска само благодарност повеќе за поддршката која ја добиваме  од Бугарија за важните процеси во нашата држава. Владата на Република Македонија е силно определена за влез на државата во евроспкото семејство – рече Николовска. lence_porozanov  ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести