„Поршето“ е на Срѓан Керим

Поршето паркирано во Дебар Маало не е на полицаец, туку е во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во Обединетите нации и во Германија, објави порталот „Скопје 1“.

Од „Скопје1“ се обратиле до Керим со повеќе прашања, меѓу кои и: „Зошто полицаецот требаше да влезе во кафеаната каде седевте и да разговара со вас, за да може да постапи согласно законот?“, „Бевте министер, амбасадор во ОН и Германија, имате меѓународна кариера. Зар вака се паркира ширум светот и вака се постапува кога полицијата го спроведува законот?“.

Керим кусо одговорил дека „нема потреба од никакви коментари. Постапено е според позитивните прописи што важат во вакви случаи“.

МВР претходно информираше дека возачот е санкциониран, а за полицаецот што одбиваше да го крене постапува одделот за внатрешна контрола.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести