Екипата на Атланта претрпе нов пораз откако на домашен терен загуби од Портланд.
Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ беше во составот на Атланта, но не се појави на теренот откако не доби шанса од тренерот. Најверојатно повредата од претходниот натпревар беше причината Антиќ да остане на клупата.
Најзаслужен за победата на Портланд беше Ла Маркус Олдриџ, кој постигна 25 поени и имаше 12 скока. Во редовите на Атланта Џеф Тиг реализира 22 поена.
Нов пораз 26-ти во серија доживеа Филаделфија, која го изедначи негативниот рекорд на Кливленд од сезоната 2010/11.
Иако, синоќа не играа натпревар кошаркарите на Оклахома Сити се четвртата екипа со обезбеден плеј оф (втора од Западната конференција).
Резултати на ноќешните натпревари: Атланта – Портланд 85:100, Хјустон – Филаделфија 120:98, Милвоки – ЛА Лејкерс 108:105 и Далас – ЛА Клиперс 103:109.
Вечерва се играат 12 натпревари: Орландо – Шарлот, Торонто – Бостон, Вашингтон – Индијана, Бруклин – Кливленд, Детроит – Мајами, Чикаго – Портланд, Минесота – ЛА Лејкерс, Њу Орлеанс – Јута, Оклахома Сити – Сакраменто, Денвер – Сан Антонио, Феникс – Њујорк и Голден Стејт – Мемфис.
Пласман Источна конференција: Индијана 52-20 (победи-порази), Мајами 48-22, Торонто 40-31, Чикаго 40-31, Бруклин 37-33, Вашингтон 36-35, Шарлот 35-37, Атланта 31-40, Њујорк 30-42,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 55-16, Оклахома Сити 52-19, ЛА Клиперс 51-22, Хјустон 49-22, Портланд 46-27, Голден Стејт 44-27, Мемфис 43-28, Феникс 43-29, Далас 43-30,
]]>


