Поштар од Радовиш присвоил 98 илјади денари наменети за пензии

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.И. (27), поштар од Радовиш кој присвоил 98.925 денари, средства кои требало да ги исплаќа за пензии.

Кривичната пријава пријава е поднесена за сторени кривични дела „проневера во службата“, „посебни случаи на фалсификување на исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Како што соопшти полицијат, во периодот од јули до октомври 2013 година, пријавениот вработен како поштар во АД „Македонска Пошта“ Подружница Струмица-РЕ Радовиш, користејќи ја својата положба, ги присвоил парите кои требало да ги исплаќа на корисници на пензии, со фалсификување на нивниот потпис.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести