Последната офанзива за спасување на криминалците

Бркаат македонски зајак за да отепаат европска мечка Бојкотот, или апстиненцијата на изборите било од разочараност, или лутина, колку и да е демократско право, во вакви историски околности е еднакво против сопствената држава, колку што е да се верува на лагите од медиумските фабрики кои во моментот го имаат најскапото производство на опасно загадување на човековата околина. Нивниот отровен смог, како вирусот од Кина, се шири од високите оџаци на Италија, преку Унгарија и Словенија и низ целиот западен Балкан, до домашните пренесувачи на вируси и големи мајстори за препишување и спинување, по цена, колку што изнесува заработката на трговците со бофл стоки. Големите пари одат на сметка на тие што озраченото ѓубре од скопската политичка депонија го брендираат како спасоносна вакцина во оригинално пакување нарекувајќи го „Вистина“ за многу поширока и задолжителна употреба. Го бркаат македонскиот зајак за да ја отепаат европската мечка. Така, иднината на Македонија и нејзиното членство во ЕУ станува колатерална штета, но и голем капитал во европските пресметки на националистичката милитантна и фашистичка десница со своите политички противници. Инаку зошто би давале толку пофални изјави десничарски политичари од југоисточна и западна Европа за медиуми кои плаќаат големи казни и глоби по судски пресуди за пласирање лажни вести, дезинформации и навреди како што е случајот со италијанска Ла Верита? Овој антиевропски, криминален и егоистички чин на десницата платен и нарачан за свои потреби, со жртвување на Македонија, може да го спречи најважниот процес на реформите на самата Европска Унија.   Целиот текст прочитајте го овде.  ]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести